Потребни состојки:
– 2 јајца
– 400 гр брашно
– 250 гр путер
– лимонова кора
– кесичка ванила
– 1 кг сливи
– половина лажица цимет
– лажица рум
Подготовка
Растопете 50 гр путер и додадете ги сливите. Ставете половина од количината шечќер, ванила, цимет и рум и кратко динстајте ги. Тргнете ги од оган и сотавете ги да се изладат. Со раце раскршете го останатиот путер во брашното и ставете го преостанатиот шеќер. Додајте ги јајцата и лимоновата кора. Замесете го тестото и поделете го на два дела. Расукајте ја кората и ставете ја на плех. Ставете ја во загреана рерна да се пече околу 15 минути на 180 степени. Извадете ја од рерна па ставете го филот и преклопете со другата половина од тестото. Печете уште половина час.