При учење да се свири на некој инструмент може да дојде до одредени промени во човечкиот мозок, односно да се подобри вештината на говорот и учењето на странски јазици, покажаа резултатите на едно американско истражување.
Заради тоа би требало да се направи преиспитување на улогата на музиката во нашиот живот. Ова особено се однесува на децата. Ако сакате да им помогнете во учењето, способноста за памтење и учење на странски јазици, тогаш најдобро е детето да учи и свирење на некој музички инструмент.