Ова е една брза маска која ќе ја освежи кожата и ќе ја смири од предолгото изложување на сонце. Со оваа маска исто така може да ги избледите пегите кои се настанати како резултат на сонцето. За да ја подготвите потребно ви е само едно парче лубеница.
Исчистете ја лубеницата од семките и испасирајте ја убаво. Нанесете ја маската на лицето и прекријте се со една газа. Оставете нека делува 15 минути. Измијте се со ладна вода.
Оваа маска може да ја правите секој ден, нема никакви штетни дејства, напротив вашата кожа ќе биде совршена.