Белата куќа ја открила долго чуваната тајна – рецептот на домашното слатко пиво кое се подготвува специјално за претседателот Барак Обама.
Се верува дека првото вакво пиво е направено во Белата куќа. Рецептот е чуван во тајност додека 13.000 луѓе не потпишале онлајн петиција барајќи да се откријат деталите, а на основа на Законот за слободен пристап до инфомации.
Обама ова пиво го носел со себе за време на турејата во склоп на кампањата за избор на претседател и го делел со своите гласачи.
Белата Куќа со недели објавувивала да коментира било што во врска со рецептот, но истиот конечно е објавен на блог по наслов “Ale to the Chief”.
Долгоочекуваните посебни состојки се: екстракт од светол и кристално жолт засладувач, мед, квасец, пченкарен шеќер и гипс.
“Со оглед на тоа дека пивото од Белата куќа предизвика многушпекулации и ја предизвика јавноста, одлучивме наместо коментари веднаш да ви го понудиме рецептот”, изјавил Сем Кас, асистент на шефот на Белата куќа.