Пријател на најпосакуваниот ерген за медиумите открил дека Џорџ Клуни неодамна се разочарал кога дознал некои работи за својата девојка.
Всушност, двојката според тврдењата на пријателот, неодамна се расправале кога Клуни дознал дека неговата драгапотрошила десет илјади долари за солариум. ‘Џорџ бил убеден дека Стејси не е толку преукупирана со својот изглед и се восхитувал на нејзината природна убавина, па го расочарал фактот што потрошила толку пари само за да добие потемен тен. Стејси не се оптеретува со приговорите на Џорџ иако би требала, бидејќи тој знае и за помали работи да ги откачи девојките’, бил искрен и јасен пријателот на актерот.
Покрај непријатно изненадување, изворот открива уште информации. Всушност, без било каква причина Клуни својата девојка Стејси Кеблер неодамна ја израдува со златен прстен. Ова поттикна гласините дека најпосакуваниот ерген во Холивуд конечно одлучил да се среди,но неговите пријатели тврдат дека сеуште не ја запросил Стејси. ‘Неговата мајка многу би сакала тој и Стејси да се венчаат, но прстенот кој и го подарил на Стејси не е веренички’, потврдил пријателот на Џорџ Клуни.