Родила близнаци со различна боја на кожата!

popara4 септември, 20121min00
blizanci

Памела и Освалд Фрејзер се родители на близнаци со различна боја на кожата – едното девојче е со црна боја на кожа, а другото со бела.

Памела Фрејзер мајка е на девојчиња кои ги импресионирале докторите. Девојчињата не си ни навидум обични близначки. Всушност, едното девојче било родено бело, а другото црно.

Кендис Ана има темна боја на кожа, црна коса и темни очи, додека Алиша Лили е бела со светла коса и светли очи.

30-годишната мајка поради тоа често мора да се соочува со непријатни прашања на љубопитните минувачи.

“За мене, ова ги прави посебни”, изјавила гордата мајка. Таа и нејзиниот 37-годишен сопруг Освалд се мелези чие потекло е многу интересно.

“Мојата мајка е од Јамајка, а татко ми е белец и Евреј. Родителите на Освалд исто така се од Јамајка, но неговата мајка има ирско потекло”, објаснила Памела.

Докторите изјавиле дека тоа е сосема вообичаено да се случи со браќата и сестрите, но да се случи кај близнаци е чудо. Памела близнаците ги зачнала по природен пат и го родила со царски рез пред очекуваниот термин.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag