Се заљубил во Украинка преку интернет, па изнајмил мафијаши да ја киднапираат

popara4 септември, 20121min00
Elena-Barikina

Со својата несудена сопруга, Дејвид Сартин се запознал на сајтот кој ги спојува западњаците со преубави девојки од Источна Европа. Доаѓал во нејзината земја шест пати и ѝ пратил повеќе од 50 илјади долари, за на крајот да остане насамарен. Сето тоа ужасно го налутило. Дејвид е 49-годишен невработен човек од предградието на Хјустон, кој пред три години ја запознал убавата Елена Барикина.

На почетокот се спријателиле и Сартин шест пати отишол во Украина и потрошил повеќе од 50.000 долари за да ѝ  помогне во пејачката кариера. Неговите единствени приходи биле инвалидската пензија поради двете операции на грбот и спогодбата од 400 илјади долари по разводот од сопругата во 2006-та година.

„Бев 13 години постара од него и направи будала од мене“, рекла Бети Сартин, поранешната сопруга. „Сега најде некоја малку попаметна од него“.

Работите станале комплицирани минатата година, кога дознал дека Барикина, која му кажала дека не сака да има односи пред брак, имала момче Русин. По тоа таа ја прекинала врската.

Се обидел да ја пријави на сајтот за измама, објаснувајќи со писмо во кое вели дека размислува на самоубиство.

„Не знаев дека станува збор за измама, бидејќи ѝ верував со сето срце и таа тоа го знаеше. Ова е страшно да му се направи на некого. Кога се вратив дома, првата помисла ми беше да си го одземам животот, но се плашев од болките“, напишал тој.

Потоа, Сартин контактирал лица кои се претставувале како гангстери, а всушност биле тајни агенти. Се согласил да плати уште 50 илјади долари за да ја киднапираат Украинката, да ја стават во сандак и да ја пратат во Америка како пакет. Неговиот план бил да ја затвори Елена во камп куќичка и една недела да се забавува со неа пред да ја отруе.

Платил 25 илјади долари, пред да биде фатен и уапсен.

Татко му изјавил дека се обидел да го предупреди, но сѐ било залудно.

„Длабоко во себе тој се уште се надеваше дека можат да бидат заедно“, изјавил таткото за крај.

Дејвид ќе помине неколку години во затвор наместо на меден месец. Прогласен е за виновен за обид за киднапирање и обид за убиство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma