Лажирал смрт за да открие дали навистина го сака

popara5 септември, 20121min00
смрт

Богат руски бизнисмен одлучил на сосема бизарен начин, пред да ја запроси, да провери колку неговата девојка навистина го сака.

30- годишниот Алексеј Буков дошол до идеја дека би било добро да ја одглуми својата смрт. Од таа причина го собрал целиот тим, меѓу останатото и шминкерка, сценарист и режисер, за да лажира сообраќајна несреќа, а на својата сакана Ирина Колков и кажал да го чека на одредено место  во одредено време со цел да ја види несреќата.

“Кога стигнав на договореното место насекаде имаше уништени автомобили, амбилантни возила, и многу чад. Кога го видов Алексеј како лежи на улица прекриен со крв и кога ми кажаа дека е мртов, паднав и почнав да плачам”, изјавила Ирина.

Потоа Буков ‘станал од мртвите’ и ја запросил преплашената девојка. Таа му објаснила дека најпрво почувствувала нагон навистина да го убие, но сепак се предомислила и одлучила да се омажи за него.

“Сакав да сфати колку би бил празен и бесмислен нејзиниот живот без мене. Успеав во тоа, но морав да и ветам дека тоа ќе биде последен пат да и приредам несшто такво”, изјавил “имагинативниот” иден младоженец.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma