Холандска фирма Mars One планира да направи постојана човечка колонија од 2023 година на Марс, а проектот делумно ќе биде финансиран од ријалити програмата.
Mars One планира да собере средства за амбициозна мисија преку пијалити програма на ТВ во која ќе биде проследен животот на одреден број астронаути првата година од престојот на Марс.
Компанијата самостојно се финансира изминатите 18 месеци, но сега и е потребна поддршка.
“Mars One не е само обемен прокет, туку и суштината на човековата желба за истражување на непознатото. Ние имаме привилегија да поддржиме ваков неверојатен проект”, изјавил Ден Петровиќ, генерален директор на фирмата “Дејан SEO” со седиште во Австралија која се занимава со оптимизирање на веб прелистувачот.
Помеѓу 2016 и 2020 година Mars One би требало да испрати неколку роботски мисии кои би кои би изградиле станица во која би живееле првите колонисти на “Црвената планета”.
Првите четири астронаути ќе се појават во 2023 година, а новите ќе пристигнуваат на секои две години. Нема планови за нивното враќање на Земјата.
Од компанијата велат дека имале преговори со повеќе приватни фирми кои работат на летови во вселената и обезбедиле по еден соработник за секој дел од мисијата за колонизација на Марс.
Целиот проект Mars One ќе чини околу шест милијарди долари, а компанијата се надева дека рејалното шоу ќе може да го отплати поголемиот дел од овие трошоци.
Телевизиската програма би требало да почне во 2013 година кога ќе почне селекцијата на кандидати за тимот (40 члена) на астранаути.
http://www.youtube.com/watch?v=6QoEEGySGm4&feature=player_embedded