Џон Траволта го искористил својот статус на славна личност за да манипулира со својот љубовник, тврди Даг Готерба, човекот со кој познатиот актер наводно бил во врска шест години.
Готерба тврди дека бил интимен со познатиот актер додека бил негов личен пилот. За американскиот таблоид “National Enquirer” Готерба раскажал како го одбил инсистирањето на Траволта да снимат порно.
“Сакаше да се снимаме, но јас несакав. Приказната ја започна додека во неговта спална соба гледавме порно”, изјавил Готерба.
Траволта го запознал во 1981 година, а наскоро станале и љубовници, но актерот секогаш бил тој кој имал контрола во врската, додал пилотот.
Актерот сеуште не се изјаснил по повод најновиот во низата секс – скандали со кои се бори со месеци.