Американски судија во вторникот наредил на затвореникот Мишел Косилек да му се овозможи операција за промена на полот на сметка на даночните обврзници.
Мишел е роден како маж, но земал хормонска терапија и живее како жена машки затвор.
Тој служи доживотна казна поради убиство на својата жена во 1990 година, а веќе 12 години води правна битка со судовите за да му се овозможи операција на промената на полот.
Судијата во пресудата навел дека операцијата е “”само соодветен третман” за “сериозна медицинска потреба” на Мишел.
Управителите на затворот истакнувале безбедносни ризици во овој случај, зборувајќи дека операцијата би направила Мишел да биде цел за сексуален напад од страна на другите затвореници, но судијата ова не го земал во предвид.