Познатата раперка Ники Минаж открила за американскиот магазин Rolling Stone дека не била целосно искрена во врска со својата сексуалност.
Минаж во интимното интервју признала дека, иако претходно изјавила дека е бисексуалка, сепак сака само мажи.
“Мислам дека девојките се секси. Но нема да лажам и ќе кажам дека не излегувам со нив на состаноци”, тврди познатата ѕвезда позната по хитовите како ‘Moment for Life’ и ‘Starships’.
Иако до сега тврдеше дека сака и жени само за да го привлече медиумското внимание, бројни машки обожаватели на ексцентричната раперка сега можат да – воздивнат.