Ким конечно сфатила што е навистина важно во животот…

popara6 септември, 20121min00
kim

Таа е позната по луксузниот начин на живот, по тоа дека славата ја стекнала на начин на кој многумина и замеруваат…Но, сега тврди дека се променила.

Ким Кардашијан на Твитер секојдневно објавува фотографии на кои се гледа во каков луксуз ужива. Нејзиниот начин на живот подразбира скапи дизајнерски ‘крпчиња’, вртоглаво скапи автомобили, чанти и сето она што просечната жена дури ни еднаш во животот неможе да си го дозволи.

Но, во шоуто The View во кое гостувала, Ким тврди дека се променила по тоа прашање откако не живее со Крис Хамфрис.

“Денес сум друга личност. Повеќе сум фокусирана на едноставни нешта. Сфатив што е навистина важно во животот. Повеќе го ценам времето. Често останувам дома, лежам, готвам…Не е се во гламурот”, изјавила Ким.

Во интервјуто е запрашана и за неодамнешната изјава дека сака дете со Кание.

“Технички јас сум сеуште во брак. Во совршен свет, кога ќе пронајдете некој кој совршено ви одговара, сакате дете со него”, открила ѕвездата на реалното шоу и додала дека да има дете, отсекогаш е нејзина најголема желба, а особено и важно сега кога покрај себе ја има личноста на својот живот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma