Јапонец од библиотека украл 900 книги

popara7 септември, 20121min00
book

Читањето може да биде опсесија која тешко се контролира. Тоа го потврдува и случајот со јапонецот кој украл речиси 900 книги од различни библиотеки низ целата земја. Неговиот изговор: “Сакав да ги задржам книгите кои сум ги прочитал”.

Полицијата го уапсила 61-годишниот маж откако во неговиот дом во западниот дел на Јапонија, биле пронајдени 896 украдени книги.

Невработениот Митсуко Суиз првично бил уапсен поради кражба на 12 книги во текот на изминатите шест месеци.

Меѓутоа за време на претресот на неговиот дом откриена е голема колекција на украдени книги чија вредност се проценува на 25.000 долари.

Според јапонскиот закон , кражбата се казнува со 10 години затвор или парична казна до 6.375 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma