Моногумина ја сметаат за Божица, но таа буквалчно покажа дека е од крв и месо. Се сопнала и паднала за време на концертот благодарение на тешката кореографија, но тоа не ја спречило да продолжи да ја забавува публиката.
Иако важи за професионална танчерка, Џенифер Лопез не успеала турнејата да ја заврши без паѓање на сцената. Таа ја одушеила публиката во Лос Анџелес со спектакл, но и малку ја исплашила кога паднала на сцената. Сепак, станала се пресоблекла и се вратила на сцената. Меѓутоа, нејзиното колено почнало да крвари и не поминало незабележано од камерите, а таа само се пошегувала на своја сметка и како вистински професионалец продолжила со настапот.
Латино дивата овие денови се подготвува за лет кон Азија, каде ќе одржи два концерти во Азербејџан, а потоа доаѓа во Белорусија од каде ќе започне со европската турнеја во склоп на која на 20ти ноември ќе го посети и Белград!