Се чини дека жените кои јасно сакаат секс во тројка се како Бог. Речиси сите мажи се надеваат дека постојат, но ретко кој ги видел. Но всушност, реалноста е сосема поинаква. Нема жена која барем еднаш не фантазирала за таква ситуација, на само 16% се осмелиле да ја реализираат оваа фантазија, тврди едно британско истражување. Анкетираните жени кои не се осудиле да одат чекот понатаму, велат дека фантазирањето е добро, но некогаш треба да остане само во нашите фантазии.
Но, што акожената се осуди да оди понатаму, но не знае како? Што ако сака да го зачини својот сексуален однос со уште еден маж, а тој сака уште една жена? Експертот за ‘тројни односи’ и автор на многубројни прирачници на оваа тема, Сузи Бауер тврди дека жените се подготвени да го поделат својот партнер со друга жена, но не и мажите својата жена со друг маж. Ако се одлучите за ново сценарио во креветот, пред вас се многу чувствителни преговори во кои ќе морате да ги согласите ставовите и преиспитате стравовите.
Мажите се сепак МАЖИ
Причината што мажите не сакаат да ја ‘делат’ својата жена треба да се бара во инстинктите кои преживеале еволуција поради која мажот со задоволство ќе спие со туѓа жена, но својата ќе ја брани, па дури и со најагресивни методи. Мажите, токму како и поголемиот број мажјаци во светот на животните, сакаат да оплодат што повеќе женки и да ги пренесат своите гени на идните генерации. Истовремено се натпреваруваат со други мажјаци кои сакаат да го направат истото, тврди биологот Робим Бејкер.
Значи, ако сакате машко појачување во постелата, не само што ќе морате да ги надминете наметнатите општествени норми, туку ќе морате да се борите против милиони години старо наследство за кое најчесто не сме свесни.
Преговарачка стратегија
- Дефинирајте ги границите на разговорот што е прифатлив и за двајцата, но притоа не смеете да ги занемарите чувствата и достоинството на другиот маж кој е вклучен во вашата игра.
- Quid pro quo. Ако вашиот партнер сака исклучиво тројка во комбинација со една жена, дадете му јасно до знаење, дека не сметате дека е достојно со исполнувањето на неговите фантазии, да ги занемарувате своите. Внимавајте како ги изнесувате своите ставови. Не обвинувајте и потиснете ја секоја трага на агресија.
- Нека ви каже јасно што чувствува и за што се грижи. Сигурно ќе најдете компромис кој ќе ги задоволи вашите и неговите очекувања. Почитувајте ги неговите чувства, но не ги занемарувајте своите.
- Мажите се плашат дека во кревет ќе ги засени обдарен и талентиран љубовник. Уверете го дека сексот не е пичината поради која сте со него.
- Ако ништо од ова не успее, можеби сексот во тројка и не е за вас. Обидете се со некои други играчки, игри. сценарија…