Најстариот познат автомобил кој е произведен под покровителство на компанијата Ford Motor ќе биде продаден во текот на РМ аукциите оваа година. Аукцијата ќе биде одржана на 11ти и 12ти октомври.
Овој модел од 1903 година, под името Tonneau, бил еден од првите три автомобили кој ги призвел Ford Motor, а го купил Herbert L. McNary, производител на маргарин од Брита во Ајова.
Овој црвен автомобил со четири седишта го движи моторот со два цилиндри, кој развива осум коњски сили. Тогаш е продаден за 850 долари.
Педесет години потоа, прв пат го сменил сопственикот, а продаден е за 400 долари. После тоа, тој променил неколку сопственици, а последниот пат е продаден во 2007 година за 693.000 долари.
Се очекува овој автмобил на ауција да постигне цена помеѓу 300.000 и 500.000 долари.