Кристен Стјуарт го напушта некогашното љубовно гнездо кое го делела со поранешниот дечко Роберт Патинсон.
Актерката ќе се всели со нејзината мајка во куќа на плажа вредна 4,8 милиони долари, јавуваат американските медиуми. Вилата е со пет спални соби на плажа на Малибу е новиот дом на младата актерка. Скапоценото здание е модерна градба – целата куќа е во стакло и челик, а како што изгледа ентериерот можете да погледнете во галеријата.
Инаку, Кристен во новиот дом ќе се всели со нејзината мајка која во моментов исто така поминува низ слична ситуација како и нејзината ќерка. Поточно, Жил Стјуарт поднела барање за развод по 27 години брак со таткото на Кристен, Џон.