Кејт Миделтон и британскиот принц Вилјам чекаат дете, пишува американскиот интернет портал ХоливудЛајф, кој ги следи животите на познатите личности.
Неименувани пријатели за порталот изјавиле дека кралската двојка е пресреќна поради приновата што ја очекуваат.
ХоливудЛајд наведува дека за официјална потврда на бременоста би можело да се почека уште два месеца.
Ќе биде соопштено на прес конференција, но дури откако кралскиот гинеколог ќе процени дека може да биде објавено, рекле извори на порталот.
Според наводите на медиумот, Кејт се надева дека ќе роди ќерка, која би ја крстила Дајана, во чест на починатата мајка на Вилијам.
ХоливудЛајд пишува дека таквата одлука ја шокирала британската кралица Елизабета Втора, поради лошите односи кои ги имаше со Лејди Ди.