Кој би рекол дека еден од најпознатите духовни учители во светот еден ден ќе расте на дрво? Кинески земјоделец Хао Сијанџанг, кој дошол на идеја да произведува крушки во облик на Буда, одгледал оваа сезона во својот овоштарник дури 10.000 од овие минијатурни чуда.
Хао поминал шест години во усовршување на техниката за добивање на овие необични крушки, кои растат во специјални калапи.
И покрај лутата цена од 6,2 евра по парче, жителите од неговото село во северниот дел на Кина, се оддушевени со малите Буда крушки и имаат намера да ги купат веднаш штом ќе созреат.
-Изгледа дека луѓето мислат дека се слатки или дека носат среќа – вели Хао и додава дека планира да го извезува својот производ во Европа.