Сопственикот на најголемиот пенис зборува за својата ‘гордост’, врските и сексот

popara10 септември, 20121min00
najgolemiot-penis

Џон Фалкон е на некој начин позната личност во Њујорк поради една голема причина: го поседува најголемиот пенис на светот.

Просечна должина на машкиот полов орган во опуштена состојба е од седум до десет сантиметри,а Џон има двојно повеќе – неверојатни 20 сантиметри.

Со импресивни 34 сантиметри во ерекција, овој 41-годишен човек неодамна предизвикал узбуна кај обезбедувањето на аердоромот во Сан Франциско, бидејќи мислеле дека во гаќите крие бомба.

Џон вели дека ова искуство не е ништо ново за него и дека повеќе не гледа на својата предимензионална машкост како нешто посебно.

Тој вели: “Одев во еврејско училиште и бев единствениот кој не беше обрезан, па секогаш мислев дека моите соученици се фасцинирани од тоа”.

Дури на 19 години Џон ја ставил својата гордост на тест: “Бев прилично хаотичен”, признава тој. До 25 години со него владеел неговиот огромен “пријател”, но вели дека тогаш стекнал самодоверба и дека не му било многу важно.

Кога се во прашање врските, Џон кој е сам од 1996 година, вели дека со него најдолго се гледаат жени кои се малку повозрасни и поискусни. “Тие веќе се поминале, го надминале сексот и сакаат нешто повеќe од тоа”, објаснува тој.

Ако зборуваме за сексот, тој вели дека тука нема никакви компликации: “Екстремно ја сакам предиграта. Кога партнерката ќе се возбуди и ужива, јас сум среќен. Потребно ми е време да се возбудам, трпението е клучот, не очекувајте од мене веднаш да се подигнам”, вели тој.

Кога ќе го прашаат дали би променил нешто во врска со себе, тој вели: “Ова сум јас. Кога ќе се погледам не гледам ништо посебно, а сепак уживам што имам нешто посебно”.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma