Медицински феномен: Жена која има само горна половина од телото родила две здрави деца

popara10 септември, 20121min00
2

Розмари Сигинс е родена со многу ретко пореметување, поради кое останала без долниот дел од телото. Мислела дека никогаш нема да може да има смејство, но сега е среќна мајка на две потполно здрави деца.

Розмари Сигинс е родена со многу ретка болест и кога имала само две години лекарите морале целосно да и го отстранат долниот дел од телото.

Во почетокот ги користела рацете за да се движи, но сега скејтборд и помага во тоа.

На големо изненадување на лекарите, таа е мајка на две здрави деца, Лука (13) и Шелби(6) кои секој ден ги носи во училиште со специјално адаптиран автомобил.

Розмари на шест години добила вештачки нозе, но за неа било премногу болно да ги користи.

-Учителката на училиште полудуваше од мене. Ги тргав тие вештачки нозе, ги фрлав околу, седнував на скејт и заминував, вели Розмари.

Храбрата мајка често држи предавања во училиштето на своите деца за да не ги задеваат поради нејзината состојба.

-Повеќето деца сметаат дека сум кул, бидејќи возам скејт. Шелби обожава што сум ниска, бидејќи така сме на иста висина, вели Розмари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag