Ја уапсиле откако го ставила своето куче чивава во гаќи

popara10 септември, 20121min00
civava

Полицијата во Колорадо, САД уапси жена под сомнение за суровост кон животни, откако таа наводно го бутнала своето кученце од расата чивава во гаќи по расправија со своето момче.

Џона Тарнер е обвинета дека, по расправијата со своето момче сакала да го напушти домот и да си ги земе своите кучиња, и под дејство на алкохол, го бутнала своето малечко кученце во гаќи со цел да го поведе со себе.

Откако пристигнала полицијата, очевидец на настанот им рекол да ја претресат Тарнер и да проверат што има во гаќите. Таа ја протресла ногата и кученцето испаднало, а според полициски извори, не било повредено.

Тарнер се изјаснила како невина, но сеуште се наоѓа во притвор каде и е одредена кауција од 2500 долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *