Ријана ги истетовира градите?!

popara11 септември, 20121min00
rihanna

Познатата музичарка Ријана одлучила повторно да го промени имиџот, но и дополнително да го ‘украси’ своето тело. На својот профил на Твитер објавила фотографија од новата тетоважа. Под градите ја истетовирала египетската божица Изида со крилја од орел, а тетоважата е посветена на нејзината почината  баба.

Убавицата од Брбадос на последното доделување на MTV VMA наградите покажа нова фризура, а потоа на своите фанови им ја покажа и новата тетоважа.

“Божицата Изида – комплетна жена. Пример на идните генерации”, напишала Ријана додавајќи дека нејзината баба Доли е секогаш во нејзиното срце.

Да ве потсетиме, нејзината баба која боледувала од рак, почина во јули. Ријана тешко се помирила со нејзината смрт, па затоа и не изненадува тоа што одлучила под градите да направи тетоважа посветена на жената која најмногу ја сакала.

Изида е египетска божица на плдноста и љубовта, се прославува како идеална мајка и жена, заштитник на природата и жените, робовите и грешниците.