За крајот на летото стилистите ги предложуваат сафари комбинациите, кои се идеални за овој прелазен период.
Овој стил е доминантен во повеќето колекции на големите дизајнерски имиња.
Оваа сезона сафари комбинациите изгледаат уште помодерни, попрефинети, елегантни, така што не се повеќе резервирани само за девојките кои го практикуваат кежуал стилот.
Во боја на пустината ќе најдете голем број на различни модели на фустани, од оние со остри линии и прав крој, па се до оние на преклоп или на закопчување.
За девојките кои го сакаат полежерниот стил има голем избор на кратки панталончиња и елечиња со многу ременчиња и џебови.