Кога се чувствувате вознемирено, нервозно или сте под стрес, најдобро е да го побарате спасот во храната. Тоа не значи дека треба да јадете се и сешто кога сте нервозни. Ова е храната која би требало да ја јадете за да се смирите.
Семки од тиква
Семките од тиква се богати со цинк, минерал кој одлично го смирува организмот. Секогаш кога сте под стрес обидете се да се смирите со еден грст семки.
Јогурт
Една шолја јогурт секој ден може да ви помогне полесно да ги поднесувате проблемите и стресните ситуации кои ви ги носи денот. Јогуртот е богат со протеини, калциум, рибофлавин, витамини Б6, Б2.
Јајца
Јајцата се една од намирниците кои одлично ги смируваат нервите. Богати се со минерали кои се неопходни да се регулира крвниот притисок.
Целер
Тоа е една од најсмирувачките намирници кои го го намалуваат крвниот притисок, а со тоа ги смируваат и нервите.
Ореви
Тие се богати со омега 3 масни киселини, витамин Б и магнезиум. Одлична комбинација на витамини и минерали за ефикасно справување со стресот.