Поранешната романска гимнастичарка Флоареа Леонида, која во 2003 година освоила сребрен медал на светски натпревар по гимнастика, одлучила да се занимава со нешто повеќе профитабилна работа. Поточно, Флоареа станала проститутка.
25-годишната Леонида, која во моментов живее во Германија, своите ескорт услуги ги нуди преку бројни германски веб страни на кои се претставува како “Ина”.
По напуштањето на Романија, Леонида некое време работела како фитнес тренер. Набрзо откако убавата гимнастичарка западнала во финансиски проблеми била принудена да се исели од станот. Брзински спас нашла во најстарата професија на светот, која и донела значително поголема заработувачка, но и непријатности поради кои нејзиното семејство морало да се пресели во друга земја.
Леонида за романскиот весник Cancan само кратко искоментирала дека во моментов е на одмор со својот дечко и дека нема коментар за целиот случај.
http://www.youtube.com/watch?v=uuQml_5kZgM&feature=player_embedded