Минатата недела имавме прилика да видиме голи фотографии од Лана Дел Реј на насловната страна на магазинот GQ, а сега пристигнуваат и пикантериите од интервјуто. Убавата Лана зборувала за почетоците на своите опивања.
“Тогаш бев пијаница, пиев буквално секој ден. Во почетокот тоа ми изгледаше многу кул. Моите родители беа загрижени, на крајот и јас се згрижив кога сфтив дека повеќе сакам да пијам, отколку да бравам било што друго”, вели Лана, чии родители ја испратиле во строг интернат во државата Конектикат, со цел таму да се излечи и доведе во ред. Пејачката вели дека инспирацијата за албумот Born To Die ја добила во тоа време.
Инаку, поради насловната страна на магазинот GQ Лана претрпела критики, голем дел од своите фанови, како и од неколку организации кои се занимаваат со правата на жените, а се поради фотографијата со машки раце околу нејзиниот врат…и малку подолу!