
Аниме ликовите со големи очи и шилести бради во Кина и Јапонија се познати уште од античките времиња, но новите сексуални фантазии кои се поврзуваат со нив, сепак се еден вид новитети.
Кинеската блoгерка и модел, Тина Леопард, е само една од многуте девојки кои биле подложни на пластични операции за да изгледаат како хероите од јапонските цртани филмови. Овој “тренд” порано оваа година го започнала девојка по име Коко, меѓутоа таа својот ‘anime look’ го постигнала со шминка и фотошоп, за разлика од бројните следбеници кои подоцна заминале ‘под нож’ за да го постигнат истиот резултат.
Цртите на лицето од Тина Леопард останатите луѓе често ги споредуваат со ликовите на вонземјаните, но изгледа дека станува збор за нов, морбиден и сè пораспространет тренд во Кина – anime изгледот, односно тенденција да се има изглед како од цртаните филмови.
За случајот на Тина, не е познато дали таа досега има направено пластична операција. Anime фотките ги објавува на својот блог, а коментарите се поделени – додека нејзините обожаватели ја опсипуваат со пофалби, другите се згрозени и ја бомбардираат со погрдни зборови.






One comment
Bojan
16 септември, 2012 at 21:20
se gleda deka e plasticna operacija