Instagram, апликација за споделување на фотографии, која неодамна ја купи Facebook, го премина прагот од 100 милиони корисници.
“Тука се вработени талентирани инженери. Тукушто го преминаа прагот од 100 милиони корисници”, изјавил вчера Марк Цукерберг, основач и извршен директор на Facebook, TechCrunch Disrupt во Сан Франциско.
Кон крајот на јули оваа година Instagram имаше 80 милиони корисници, што значи дека апликацијата, која сега е достапна и за iPhone и Android, секој месец добива по 10 милиони нови корисници.
“Сакаме да им помогнеме да добијат уште неколку стотици милиони корисници”, изјавил Цукерберг.
Цукерберг, исто така, ветил дека компанијата никогаш нема да биде целосно интегрирана во инфраструктурата на Facebook.