Доколку се вбројувате меѓу оние луѓе кои сакаат да вечераат далеку од метежот и вревата во градот, еден неодамна отворен ресторан би можел да биде идеално место за вас.
Всушност, во рудникот Титири, во градот Лохја во јужниот дел на Финска, изграден е првиот подземен ресторан кој е отворен за само 10 дена и тоа во склоп на одбележувањето на Хелсинки како светска престолнина на дизајнот.
Ресторанот Мура е од експериментален карактер, а се наоѓа 80 метри под земја. Гостите ќе се служат со четири јадења, а вечерата за едно лице – која се состои од солен лосос, телешко печење и пита од јаболка, заедно со појалоци и автобуски превоз од Хелсинки до рудниците и назад, чини од 128 евра.
“Главна тема на менито ќе биде елемент на земјата, а причината е едноставно таа што се наоѓаме 80 метри под земја. Пред да го отвориме го посетував местото и барав инспирација за составување на менито”, изјавил главниот готвач, воедно и сопственик на ресторанот Тимо ‘Линтси’ Линамаки. Исто така, на гостите за време на вечерата со специјални лифтови им е овозможено симнување во пештерата, 350 метри под земја.
http://www.youtube.com/watch?v=Wvms8AmJEig&feature=player_embedded