Снимките забележани со камерите на Меѓународната вселенска станица (ISS) понекогаш знаат да приредат вистинско изнандување, особено кога се емитуваат во живо.
Оваа ситуација се одржа неодамна кога на преносот во живо е забележан летечки објект кој наликува на голема чинија што лебди покрај Земјата.
Покрај него се појавиле и помали летечки објакти, па гледачите веднаш се посомневале дека се работи за вонземска база. За работата да биде повеќе мистична, набрзо откако на преносот во живо се појавил влез, прекинат е преносот на камерата која го снимала, а продолжиле со прикажување на снимки од камерата каде немало никаков мистериозен објект.
Оние кои биле сведоци на овој момент тврдат дека никако не станува збор за случајност, а некои дури успеале и уловиле снимка од објекот со пренос во живо. Видеото кое се обидува да анализира НЛО погледнете го во продолжение:
http://www.youtube.com/watch?v=8nht2qydhD4&feature=player_embedded