
Пријателството помеѓу Том Круз и Камерон Дијаз почнало на снимањето на заедничкиот филм ‘Knight and Day’ пред две години, а сега, отиде чекот понатаму, тврдат пријателите на актерите.
Актерската двојка по снимањето на филмот останале во добри односи, а наводно уште повеќе се зближиле на роденденската забава на актерката во Лондон кон крајот на август каде нивното пријателство, според извори блиски на актерката, прераснало во вистинска романса.
Всушност, пред пристигнувањето во Хрватска на одмор, Круз одмарал во Лондон и присуствувал на прославата на 40-от роденден на актерката.
На споменатата роденденска забава, дотогаш добрите пријатели наводно уште повеќе се зближиле, а пред тоа, во неколку наврати, биле видени во заеднички излегувања во Лондон. Токму Камерон била таа која го тешела Круз по разводот со Кејти Холмс.

“Том и Камерон отсекогаш имаа посебна врска, на снимањето совршено се согласуваа. Таа никогаш не криеше дека Круз за неа е прекрасен човек. Нема ништо чудно во тоа две големи филмски ѕвезди да се зближат”, изјавил изворот. Актерката овие гласини уште повеќе ги потенцирала во последното интервју алудирајќи дека не и е воопшто тешко во иднина да се замисли со партнер кој веќе има дете.