Прекрасната актерка Хали Бери неодамна снимила секси реклама за својот нов парфем “Closer” во кој заведува згоден мускулест маж.
“Сакав да дизајнирам уникатен мирис за жени кој ќе им се допадне на мажите. Мирисот е тесно поврзан со привлечноста и страста и многу ми се допаѓа идејата дека можеби ќе спои некој маж и жена”, изјавила убавата Хали.