
Тим научници идентификувал нов вид на мајмун, ендемичен за централна Африка, познат меѓу локалното население под името лесула.
Мајмунот е со средна големина, има карактеристично портокалово-сиво крзно и издолжено лице.
Во извештајот кој оваа недела е објавен во научно списание, истражувачите новиот вид го идентификувале како Cercopithecus lomamiensis, ендемско животно кое живее во дивините на централно Конго.
Ова е втор нов вид на мајмуни откриен во послените 28 години.
Научниците почнале да истражуваат кога во куќата директорот на едно училиште виделе млада женка, од непознат вид.
