Пералната за автомобили во Куала Лумпур не работела баш најдобро, па сопствениците смислиле интересен начин како да ги привлечат муштериите.
Одлучиле да направат соработка со локалниот салон за масажа, кој секако не ги овозможува само тие услуги.
Договорот бил дека после секое десето миење на автомобили, клиентите ќе бидат ‘услужени со масажа’.
Сепак, оваа атракција не траела долго, бидејќи полицијата дознала за нивниот начин на работење, па го уапсиле сопственикот на пералната и 9 проститутки, како и пет клинети, кои уживале во наградата.