Лондон би можел да добие нов, лебдечки аеродром, со изразито футуристички изглед, чиј цнтрален дел на изгледот асоцира на голем вонземјански брод.
Архитектонската фирма ‘Генслер’ покажала концептуален предлог за новиот лебдечки аеродром над Темза во Лондон, поврзан со копно со подводни тунели.
За разлика од претходните идеи за новиот лондонски аеродром, плановите на компанијата ‘Генслер’ не вклучуваат влевање на реката во почвата за мелиорација. “Наместо тоа, ние имаме идеја да направие огромна платформа”, објаснува директорот на проектот.
Лебдечкиот аеродром наречен ‘London Britannia Airport’, составен е од четри лебдечки писти врзани за морското дно. Со копно би бил поврзан со подводни железнички тунели, кои би ги поврзувале патниците со центарот на Лондон. За патниците кои доаѓаат со автомобили, се планираат три копнени терминали.
Предлогот вклучува и планови за трансформација на ‘Хитроу’аеродромот во нов еко град, кој ќе овоможи домови за 300.000 луѓе.