Што е прво: секс или љубов?

popara14 септември, 20121min00
seks

Кој е првиот чекор во врската на која се одлучувате? Дали е тоа признание дека сте заљубени? Или ќе му кажете дека токму тој е мажот на вашиот живот? Или ќе заминете со него во кревет по првото или второто излегување? Тоа ги интересирало и британските научници, па направиле анкета во која учествувале повеќе од 100.000 луѓе.

Во анкетата е откриено дека двојките се одлучуваат за прв секс по четвртото излегување. Меѓутоа, првиот бакнеж паѓа по второто излегување и тоа веќе од прва недела ‘врска’. Магичните зборови “Те сакам” се изговараат во просек по 14 излегувања – без оглед дали партнерите веруваат во љубов на прв поглед или не.

“Новите”партнери во почетокот на врската се гледаат во просек два пати неделно, а во кревет ќе завршат обично по две недели излегување. Новата партнерка (или партнер) со друштвото ќе се запознае по шест состаноци (или три недели), а на родителите ќе ве презентира по шест недели – ако врската се движи по сериозен пат.

Потребни се најмалку 60 состаноци, открива анкетата, за двојките да сфатат дека се создадени еден за друг и дека нивната врска има перспектива, односно  дека би можеле да започнат заеднички живот. Секако, сите ние сме различни, па затоа можеби некои податоци ќе ви се чинат смешни или чудни. Од друга страна, можеби во некои ќе се пронајдете, зарем не?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag