За да ги стигнат (и престигнат) прекршителите на патиштата низ САД, сообраќајните полицијци во оваа земја се опремени со брзи и моќни патролни возила. Форд го претставил најновиот модел на полициски автомобил со 3,7 литарски V6 мотор.
Ford Interceptor е името на ова специјално адаптирано возило, врз основа на американскиот Fordu Taurus. Под хаубата се наоѓа 3,7 литарски атмосферски V6 кој развива 305 Кs и 378 Nm на максималниот вртежен момент.
Во Ford се фалат дека е во прашање најмоќен американски седан кој е опремен со атмосферски V6 агрегат.
Американската компанија не ги соопштила перформансите на овој автомобил, но ги изнеле податоците за потрошувачката. Ford Interceptor на автопат просечно троши 9,4 л/100км, потршувачката во град се издига на 13,1л/100км, додека комбинирана потрошувачка е 11,2л/100км.
Истиот мотор се поставува и во другиот полициски модел, Interceptor Utility Vehicle, кој е базиран на Fordu Explorer.
Американската полиција покрај атмосферски V6 модел од претходно е достапен и уште помоќен Ford Interceptor седан опремен со твин-турбо V6, 3.5-литарскиот EcoBoost погонска единица со 365 ks.