Ова се неколку едноставни трикови кои може да ви бидат од корист.
За вашите нокти
За да имате убави, цврсти и бели нокти потребно е само да ги масирате со лимон или лимонов сок. Најдобор е кога ќе направите лимонада, со половинките од лимонот да си направите едноставен третман. Само ставете го ноктот на внатрешната страна од кората и правете движења со прстите. Правете го ова секогаш кога сте во можност.
За вашите лакти
Вообичаено кожата на лактите потемнува, станува сува и сето тоа дава еден неубав изглед на рацете. Затоа употребете портокал. Само пресечете го портокалот и тријте ги лактите со него.
За вашата коса
За да имате убава коса со богат сјај мијте ја со пиво. Најпрво измијте ја косата со шампон, а потоа со пиво. Оставете така нека отстои па измијте се повторно со вода.