Дека годините не се пречка за да бидете витални и да вежбате докажува бабата Џоан Квас која на 86 години се запиша во Гинис како најстарата гимнастичарка во светот.
„Супер е да се најдете во Гинисвоата книга, се надевам дека ќе бидам инспирација за многу луѓе“, изјавила Џоан.
Оваа гимнастичарка е родена во 1925 година, а со гимнастика започнала да се занимава уште од раните детски години. Меѓутоа, кога се омажила и родила дете направила пауза, па така се до својата 56 година не била активна, а тогаш и учествувала на натпревари.
Погледнете што се може да направи оваа супер бабаичка!