Одамна е познато дека Кардашијан, не само меѓу себе, туку и пред целиот свет, споделуваат се, па дури и интимни моменти. Еден од овие моменти е и пораѓањето на малата Пенелопе во јули.
Со Кортни, додека се породувала, во собата било присутно целото семејство, токму и како камерите кои за потребите на реалното шоу ‘Keeping Up With the Kardashians’ го снимиле целото пораѓање на кое присуствувале нејзиниот долгогодишен дечко Скот, сестрите, братот Роб и мајката Крис.
Во последната епизода од шоуто емитувано на теливизиската програма Е! прикажано е целото пораѓање на Кортни (33), една од сестрите Кардашијан. Она што ги изненадило гледачите (повеќе од фактот дека се снима целото пораѓање) е тоа што ќерката Пенелопе ја породила со своите раце.
“Магично е чувството на тој начин да се поздравите со своето дете”, изјавила Кортни која веќе има двегодишен син Мејсон. Признала дека пред пораѓањето плачела и била емотивна, но за време на породувањето делувала смирено, додека во солзи била нејзината мајка.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=A6saeoWVRJg