
Еден маж од Кирибати преживеал вистински кошмар, а тврди дека го спасила голема ајкула. Тој 15 недели пловел по морето во чамец од три метри.
Тоакаи Теитои од својот остров заминал да го посети главниот град Тарава, за да ја положи свечената заклетва за да стане полицаец, но токму на 27-ми мај започнал неговиот кошмар, а приказната ја пренесува „News“.
Тој одлучил да се врати дома со чамец, наместо со авион. Неговто патување требало да трае само два часа, но одлучил да лови риба и да преспие во чамецот. Тој во чамецот бил со својот брат, а кога се разбудиле сфатиле дека се загубиле во морето.
Имале храна, но не и течности. По седум дена починал неговиот брат од дехидратација. Тоакаи секој ден се молел за спас, а еднаш дури здогледал рибарски брод но не бил забележан. Дури на 11 јули го разбудил звук на гребење по чамецот, а кога подгледнал видел голема ајкула која кружи околу него.
Тие ја следеле ајкулата која пак пливала во насока кон помал рибарски брод, која го спасила Тоакаи.