Навиките на пријателите влијаат на нашата исхрана

popara18 септември, 20121min00
ishra

Луѓето многу лесно ги попримаат прехрамбените навики на своите пријатели, покажало едно истражување на Универзитетот во Бирмингем. Ако сакате да водите сметка за своето здравје и исхрана, јадете заедно со оние пријатели кои се хранат здраво.

Следејќи ги прехрамбените навики на стотина жени, научниците откриле дека тие се под силно влијание на личноста со која одат на ручек или вечера во ресторан. Најчесто тие нарачуваат слична храна.

Жените во истражувањето делумно го задржувале својот сатав, па така ако едната бирала висококалоричен оброк, така и другата го правела сличното.

Истражувачите истакнале дека начинот на исхрана е под големо влијание на околината бидејќи ритуалот на јадењето е социјално условен, затоа треба внимателно да одбереме со кого ќе јадеме.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *