Џулијан Асанж е невин

popara18 септември, 20121min00
jaws

Клучниот доказ кој бил предаден на шведската полиција кој беше и основа за обвинението против основачот на Викиликс, Џулијан Асанж за сексуален напад, не содржи дел од неговато ДНК.

Та го потврдиле експертите од судската медицина, а јавија меѓународните информативни агенции.

Извештајот кој содржел две страни, кој бил предаден на адвокатите на Асанж, било наведено дека примерокот од презервативот бил прегледан во две форензички лаборатории, како и дека не содржел јасен доказ дека припаѓал на Џулијан Асанж, пишува Дејли Мејл.

Адвокатите на Асанж навеле дека недостатокот на ДНК од нивниот клиент во презервативот, кој наводно бил користен за време на сексуалниот напад за кого го обвинија токму него во август 2010 година е лажен и веројатно подметнат доказ.

Шведското обвинителство одбило да го коментира извештајот, бидејќи според нив истрагата е уште во тек и не е затворена.

Асанж во август доби политички азил од страна на претседателот на Еквадор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *