Супермоделот Наоми Кембел била на строга диета пред да се појави во жирито во реалити шоуто ‘The Face’ во кое се избира најубавиот модел
За да изгледа подобро на малите екрани била на строга диета неколку недели, јадела само белки од јајца и овошје.
“Многу здраво се хранев, морам да признаам дека не беше секогаш така, но поради реалното шоу во кое сум член на жирито одлучив да обрнам внимание на исхраната, бидејќи сакам убаво да изгледам пред камерите”, признала Наоми.
Изјавила дека со советите сака да им помогне на младите модели да изградат успешна кариера.