Кристијан Фернандез, 13 годишното момче од Флорида, кое е обвинето за сексуален напад на 5 годишно девојче, како и претепувањето на својот брат, можно е да му се суди како на возрасна личност.
Ако судот го прифати предлогот на јавното обвинителство на Калифорнија, Кристијан би можел да биде осуден и на доживотен затвор.
Кристијан имал 12 години кога ги извршил тешките кривични дела. Пред тие настани тој живеел во лошо семејство, каде тепањето, дрогата и сексуалните напади не биле непознати нешта. Мајката го родила на 12 години, а исто така била жртва на силување.
Керол Торес, бабата на еден другар на Кристијан, преку сајт бара помош за малиот криминалец. Таа тврди дека на детето треба да му се суди во малолетнички суд и дека му е потребна помош и да му се даде нова шанса.