Поп пејачката Наташа Беквалац и манакенот Владимир Вуксановиќ бараат стан во Белград. Тоа што ќе започнат заеднички живот, е чекор повеќе во нивната врска. Следниот чекор е веридба, па венчавка.
-Влада и Наташа сакаат да започнат заеднички живот и веќе извесно време бараат стан. Сакаат да изнајмат имот во Врачар, бидејќи и двајцата го сакаат тој дел од градот. Додека не најдат соодветен простор, Влада до тогаш би требало да заврши со сите обврски на факултетот во Солун и да се врати во Србија. Сеуште не е познато дали со нив ќе живее и ќерката на Наташа, малата Хана, изјавува близок извор.
Минатиот викенд погледнале неколку станови. На пејачката најногу и се допаднал дуплекс во близина на храмот Свети Сава. За неколку дена ќе одлучат дали токму тој ќе биде нивниот конечен избор.
-За Беквалац заедничкиот живот не е никаква новост, бидејќи веќе беше во брак Данило Икодиновиќ. Неколку години живееше со Миодраг Костиќ. Додека, за Влада сето ова е непознато, но тој, сосема сигурно, брзо ќе се адаптира, вели изворот.