Еврото е валута која ги обединува 17-те земји во еврозоната. Меѓутоа, многумина би се изненадиле од големата разлика внатре во самата еврозона.
Еве како можете да искористите 20 евра во државите на ЕУ.
- Кафе – во Грција за 20 евра ќе може да испиете 20 кафиња, додека во Португалија за истиот износ можете да испиете 35 кафиња.
- Јајца – секојдневната намирница за време на појадоците, а во Ирска за 20 евра ќе добиете 7 пакети јајца, додека на Малта 16.
- Хулахопки – во Белгија жените за 20 евра може да купат 4 пара, додека во Словачка може да купат 19 пара хулахопки.
- Автобуски карти – ако се возите со јавниот превоз во Холандија за 20 евра ќе можете да купите осум автобуски карти, деодека Словачка за истиот износ можете да купите 43.
- Пиво од продавница – во Италија за 20 евра ќе купите 6 литри пиво, а во Словачка можете да купите 20 литри пиво.
- Карти за кино – во Ирска за 20 евра ќе купите само 2 карти за кино, додека во Словачка можете да купите седум.
- Цигари – во Ирска за 20 евра ќе купите две до три кутии, додека во Естонија за 20 евра ќе купите 10 кутии цигари.
- Таки превоз – во Холандија за 20 евра ќе може да се возите 7,5 километри, додека во Португалија 23 километри.