На интернет се појави снимка од безбедносните камери на Џенифер Анистон, а снимката ја прикажува актерката со труднички стомак.
Сепак, се работи само за рекламна кампања за водата Smartwater, чие заштитно лице е Анистон, веќе една година. Во фокусот е трудничкиот стомак, а во видеото таа веќе има две деца.
На снимката се појавуваат Рајан Сикрест и Џими Кимел, а актерката е снимена во ситуација каде го крши автомобилот, го полни базенот со вода која ја рекламира се разбира – и пие како бремена жена.
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=phpb_ssnyug